СЗО АЛАРМИРА ЗА ВОСКРЕСНУВАЊЕ НА КОВИД-19 НИЗ ЕВРОПА

Европа бележи пораст на случаи од „Ковид-19“ на неделно ниво, за прв пат во последниве неколку месеци, како резултат на олабавувањето на рестриктивните мерки, велат од Светската здравствена организација (СЗО).

 

Во 11 земји, во кои спаѓаат Ерменија, Шведска, Молдавија и Северна Македонија, забрзаниот пренос доведе до „многу значајно прогресирање“, изјавил регионалниот директор д-р Ханс Анри Клуж на виртуелната прес конференција одржана во четвртокот 25.06.2020.

Неговите предупредувања за ризикот од воскреснување станаа реалност. Ако остане непроверен вирусот, тој предупредува дека здравствените системи ќе бидат „донесени до работ“.

 

За есента вистински треба да се подготвиме. Тогаш „Ковид-19“ може да се сретне со сезонскиот грип, пневмонија, како и други болести затоа што на крајот, вирусот сè уште активно циркулира во нашите заедници и сепак нема ефикасен третман, нема ефикасна вакцина “- додал Клуж.

Скоро 20.000 нови случаи и повеќе од 700 нови смртни случаи се регистрираат дневно.

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap