СЗО ПРЕДУПРЕДУВА ДЕКА НАЈЛОШОТО ДОПРВА ЌЕ ДОЈДЕ

ЖЕНЕВА (Ројтерс) – Светската здравствена организација гледа огромен труд во напорите за пронаоѓање безбедна и ефикасна вакцина за спречување на КОВИД-19. Сепак, нема гаранција за успех, изјави во понеделникот 29.06.2020, шефот на програмата за итни случаи, Мајк Рајан.

 

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Габриезус, предупреди дека пандемијата на коронавирусот не е ни приближно до нејзиниот крај. Поминаа шест месеци откако беа забележани првите случаи на мистериозната болест во Вухан, Кина. Во тоа време се стравуваше дека ќе видиме повторување на појавата на Сарс од 2002 до 2004 година, во која загинаа 774 лица.

Моментално со над 500.000 лица починати и повеќе од 10 милиони потврдени случаи ширум светот, генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Габриезус, вели дека ова е „момент за размислување на секој од нас“.

 

Според неговото предупредување, „најлошото допрва треба да се случи“. Тој додава дека „со ваков вид на животна средина и услови се плашиме од најлошото“. Без оглед на напредокот во некои земји, пандемијата забрзува.

„Пред шест месеци, никој од нас не можеше да замисли  дека нашиот свет и нашите животи ќе изгледаат вака поради вирусот“, изјавил д-р Тедрос на прес-конференцијата на СЗО .

 

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap