ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР ЗА ЧИПУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО СЕ НЕСОЛЕНИ И НЕ ТРЕБА ДА СЕ СПОДЕЛУВААТ

Tags: Bill GatesCOVID-19Marat Safin
By април 21, 2020 мај 9th, 2021 Corona, DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#108

Дата:

14.04.2020

Извор:

think.mk

Време на читање:

4 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: Коронавирусот е подготовка да нè чипуваат“ – зборовите на Русинот ја кренаа јавноста на нозе

Една контроверзна изјава на бившиот руски тенисер Марат Сафин отвори нова теорија на заговор која што стигна да се споделува и во Северна Македонија. Во изјавата се вели дека пандемијата од коронавирусот е со цел да преку вакцините со кои што ќе се спречува заболувањето, да се чипува популацијата во светот. А за неговата теорија се повикува на еден говор на Бил Гејтс во 2015 година.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Бил Гејтс е бизнисмен кој што дал предупредувања за можни вируси а не најавил дека навистина со сигурност ќе има пандемија. Неговата теорија е дека светот нема да се соочува со војни туку пандемии, но тоа е теорија на еден образован и информиран човек, што не мора да значи дека знаел со сигурност дека доаѓа пандемија.

„Ако нешто убие над 10 милиони луѓе во следните неколку децении, најверојатно тоа ќе биде вирус наместо војна. Не проектили, туку микроби“, изјавил во март 2015 година Бил Гејтс.

Но треба да се напомене дека во моментот кога Бил Гејтс го држеше говорот, светот само што избегнал пандемија од Ебола, и затоа Гејтс спомнал дека по Ебола можно е како што и се покажало низ историјата, да има и други вируси и инфекции, и затоа властите од сите држави треба да преземат превентивни мерки.

Tакви изјави и препораки Гејтс има и денес, но тоа не значи дека ако по неколку години се појави нова пандемија, дека Бил Гејтс знаел дека ќе се случи и дека е тоа дело на некои “мрачни“ сили со цел да воспостават контрола врз светската популација.

Ако се направи краток преглед на инфекциските вируси кои што беа глобални закани од кои што можеме да дојдеме до заклучок и без помошта на Бил Гејтс дека е типично по неколку години да се појавуваат различни вируси. Само во текот на 20 и 21 век, светот поминал четири пандемии а во тек е петата пандемија Covid 19.

Превземено од VisualCapitalist.

  • Од 2009 -та до 2010 -та година, светот беше сведок на свинскиот грип, или грипот А H1N1.
  • Од 2002 до 2003, постоеше вирусот САРС кој што се прошири од лилјаците и цибетите.
  • Од 2014 до 2016 светот се бореше со Ебола кој што се прошири од диви животни.
  • Од 2015 па до ден денес, постои вирусот МЕРС кој што се пренесува од Лилјаци и Камили.
  • И најновиот вирус е Covid 19 кој што почна да се проширува од 2019 година и се уште трае.

Превземено од VisualCapitalist.

И не е само Бил Гејтс кој што предупредил за можна пандемија, истото го направиле и различни научници кои што оправдано верувале дека ќе дојде нова пандемија поради фактот  што низ историјата по секоја пандемија по неколку години повторно се појавувала нова. Но заедничко предупредување на сите е дека треба да се учи од поминатите вируси и да се инвестира многу повеќе во вакцини и во истражувања за различните вируси кои што ги носат животните.

Епидемиологот Џон Ваткинс во една студија напишал дека властите треба да се подготват и за нови епидемии кои што ќе следат по актуелната, и дека многу повеќе да се инвестира во превенција и истражувања за нови модели на вакцини.

И престижниот американски весник Financial Times предупредува дека до 2025 година, светот ќе се соочи со уште заразни болести, потпирајќи се на историјата и веројатните идни демографски промени. A пак Washington Post повикува да се смени начинот на живот и да им се остави на дивите животни нивната природна животна средина, од која што нема да можат да го загрозат човештвото.

Имајќи ги предвид сите горенаведени факти, дали навистина мислите дека Бил Гејтс знаел дека доаѓа пандемија, или претпоставил како и сите епидемиолози и научници?

А за чиповите и чипирањето, за тоа во некоја друга поведра прилика.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap