ЛАГА: УКРАИНА ЌЕ СКЛАДИРА РУСКИ НУКЛЕАРЕН ОТПАД

Фатална зделка, уште една катастрофа, следна катастрофа – ова се само некои од насловите на Руските и Украинските пропагандистички медиуми кои ја изразија својата реакција на вестите дека Украина ќе гради сопствено складиште за нуклеарен отпад.

 

Украина се согласи да складира нуклеарен отпад од Русија, складиште за руски нуклеарен отпад што треба да се изгради во Чeрнобил, овие и други искривени вести и измами го пополнуваа информацискиот простор на Украина минатата недела. Украина е должна да го прифати овој нуклеарен отпад во согласност со договорот за нуклеарна соработка потпишан со Русија уште во 1993 година, тврди уште еден медиум.

 

Проектот за складирање нуклеарен отпад во Украина не е градежен проект за рускиот нуклеарен отпад, всушност, единствениот нуклеарен отпад што треба да се врати во Украина од Русија е оној што го создадоа украинските нуклеарни централи. Во моментов Украина испраќа потрошено гориво од три од вкупно четири оперативни нуклеарни централи во Русија за преработка. Само една нуклеарна централа со седиште во источниот украински град Запорижџија има капацитет за преработка и складирање на отпад.

 

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: StopFake

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap