ТАЈНА ЛАБОРАТОРИЈА И ЏОРЏ СОРОС: ДЕЗИНФОРМАЦИЈА ЗА КОВИД – 19 ВО ИСТОЧНО ПАРТНЕРСКИТЕ ЗЕМЈИ НА ЕУ

Како што Ковид-19 се рашири низ Источното соседство на ЕУ, истото се случи и со теориите на заговор, лажните вести и дезинформациите. За про-Кремљ медиумите, пандемијата нуди нови можности да се надградат постојните наративи за дезинформации и да се измислат нови.

 

Изворите на дезинформации кои се про-Кремљ ориентирани, со години го користат лажниот наратив за тајните воени лаборатории спонзорирани од Запад „во соседството на Русија“. Од нив, најзначаен е случајот со лабораторијата Лугар во Тбилиси (Грузија), која про-Кремљ медиумите долго време се обидуваа да ја претстават како установа за развој на биолошко оружје на САД и други измислени зла. Кога започна појавата на коронавирус, лабораторијата Лугар служеше како совршен пример за дезинформација. Навистина, првиот пример на про-Кремљ дезинформација за коронавирусот зачуван во датабазата на EUvsDisinfo, на 22 јануари 2020 година, го шири истиот тој добро познат наратив, кажувајќи и на Белоруската публика дека новиот кинески вирус најверојатно бил зачнат во био-лабораторија на НАТО. Ерменците исто така слушнале дека лабораториите финансирани од Пентагон биле вклучени во креирањето на Ковид-19.

 

Набргу потоа, на овој наратив му се додадоа повеќе пораки за дезинформација: РЕН ТВ, една од најголемите телевизиски станици во Русија, тврди дека коронавирусот им служел на американските интереси, бидејќи американските лаборатории работат не само околу Русија, туку и во Азиските земји. РТ Арабија додаде дека САД имаат 25 опасни лаборатории околу Русија, Кина и Иран. За време на неколку месеци, про-Кремљ медиуми тврдеа дека тајни лаборатории се појавуваат низ целиот свет: вклучувајќи ги Балтичките држави и Индонезија и секако во источното соседство на ЕУ.

 

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: EUvsDisinfo

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap