Вакцината против коронавирус, развиена од Универзитетот во Оксфорд, се чини безбедна и предизвикува имунолошки одговор.
Пробните испитувања во кои биле вклучени 1.077 лица, покажале дека вакцината придонела до создавање на антитела и Т-клетки кои можат да се борат со коронавирусот.
Овие наодите се многу ветувачки, но сè уште е премногу рано да се знае дали е тоа доволно за да се обезбеди заштита и во тек се поголеми испитувања. Велика Британија веќе нарачала 100 милиони дози од вакцината.
Како фунционира вакцината?
Вакцината наречена ChAdOx1 nCoV-19 се развива неверојатно брзо. Направена е од вирус кој предизвикува настинка кај шимпанза. Вирусот е изменет и не може да предизвика зараза кај луѓето, така што личи на коронавирусот. Тоа значи дека вакцината наликува на коронавирусот и имунолошкиот систем може да научи како да го нападне.
Извор: BBC.com