ВЛАДАТА ГИ ОТВOРА ВРАТИТЕ ЗА БЕЗБЕДНО ВРАЌАЊЕ НА ФУДБАЛОТ ВО АНГЛИЈА

Владата соопшти дека „ја отвора вратата“ за враќање на професионалниот фудбал во Англија во јуни.

 

Секретарот за култура Оливер Дауден по состанокот на 14.05.2020 со Фудбалската асоцијација, Премиер Лигата и Англиската фудбалска лига, изјавил дека имаат „прогресивни планови“.  Тој додал дека плановите за продолжување на спортот треба „да вклучат проширување на пристапот на навивачите за гледање во живо“.

 

Во меѓувреме, заменик-главниот медицински директор на Англија изјавил дека секое враќање ќе биде „бавно“ и „мерено“.

 

Клубовите во Премиер Лигата во понеделникот  разговарале за „Рестартирање на проектот“. Тие се надеваат на враќање во акција од 12 јуни, со натпревари кои ќе се играат зад затворени врати.

 

Следниот состанок на клубовите во Премиер Лигата ќе се одржи во понеделник, кога  топ играчите ќе можат да се вратат на почетната групна обука, според протоколите за социјално дистанцирање.

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap