ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ОПШТЕСТВЕНАТА ОТПОРНОСТ И БОРБА ПРОТИВ СТРАНСКИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН

Од 5 до 7 октомври 2021, програмскиот менаџер на FN, Росана Алексоска, учествуваше на обука за градење на капацитети за справување со дезинформациите, која се одржа во Порторож, Словенија. Обуката беше организирана од страна на Центарот за европска перспектива и во неа учествуваа претставници од владите, граѓанското општество и медиумите од сите 6 земји од Западен Балкан, со цел да ја зголемат отпорноста и да поттикнат понатамошна меѓусебна соработка во борбата против дезинформациите.

 

Г-ѓа Алексоска имаше презентација на тема „Дезинформациите и информациското нарушување во Северна Македонија“, каде, меѓу другото, го истакна следното:

 

„Информациското нарушување во промоцијата на помошта за справување со КОВИД-19 кој земјите од Западен Балкан ја добиваа од нивните западни сојузници е загрижувачко. Наклонетоста на порталите кон Русија и амплификацијата на социјалните медиуми го ставија фокусот на Русија и Кина, чиј придонес не може да се спореди со оној на ЕУ и другите западни држави. Можете ли да замислите какви ќе беа условите и подготвеноста на системите да се справат со пандемијата доколку не беше долготрајната систематска помош која западните сојузници ја даваат од распадот на Југославија па до денес?“

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap