НАГЛИОТ РАСТ НА ЗАБОЛЕНИТЕ СО ПНЕВМОНИЈА ГИ ПОДГРЕА СТРАВУВАЊАТА ЗА ВЕРОДОСТОЈНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА КОРОНА ВО РУСИЈА

Tags: CoronavirusCOVID-19MoscowPneumoniaRussia
By март 22, 2020 март 25th, 2020 Corona, Other, Retrieved

Дописниците на Ројтерс од Москва, пишуваат дека во руската престолнина  нагло пораснал  бројот на заболени од пневмонија. Има многу контрадикторни информации за ова прашање, што придонесува за стравување околу веродостојноста на официјалните податоци за корона вирусот, особено затоа што стапката е многу пониска од европските земји.

„Русија која има популација од 144 милиони жители, пријавила само 199 случаи со корона вирус. Некои лекари се посомневале колку овие официјални податоци ја отсликуваат реалноста, поради невештиот обид на пласирање на податоците во јавноста, како и  квалитетот на тестирањето. “-наведуваат дописниците за Ројтерс од Москва.

Наглиот раст на бројот на случаи со пневмонија во Москва, која важи за најголем транспортен центар во Русија, како и популацијата од 13 милиони жители, отвораат дополнителни сомнежи.

Во изјавата за Ројтерс, шефот на рускиот синдикат на алијансата на докторите, Анастасија Василиева вели: „Имам чувство дека властите не’ лажат.“ Според неа, корона вирусот е причина за растот на пациентите кои имаат пневмонија.

Според руската влада,  статистиките за заболените  од корона се точни, додека рускиот претседател  Путин се пожалил дека Русија е изложена на лажни вести, со цел да се креира паника кај населението.

Руската агенција за статистика Росстат, смета дека бројот на случаи од пневмонија, кој може да биде предизвикан од корона, пораснал за 37% во Москва во месец јануари, пренесува Ројтерс.

Податоците покажуваат дека руската престолнина, во која се потврдени 98 случаи со корона, регистрирала 6.921 случај на пневмонија во јануари 2020 година, наспроти 5.058 случаи во истиот месец претходната година. Покрај ова, бројот на случаи на пневмонија и на национално ниво пораснал за над 3% во 2020 споредено со истиот период од претходната 2019 година.

Сепак, одделението за здравство во Москва на 13 март 2020, изјави дека случаите на пневмонија во јануари и февруари биле за 8% односно 7% пониски од претходната година. Од таму немале  коментар на прашањето за разликите во податоците – пренесува Ројтерс.

Извор: Ројтерс

 

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap