ДЕЦАТА ВО БРИТАНИЈА ПРЕПОЗНАВААТ ЛАЖНИ ВЕСТИ

Tags: British childrenfake newsResearch
By јули 18, 2019 март 25th, 2020 FN ANALYSIS

Британскиот регулатор  за комуникации Офком во ноември 2017 година, подготви интересно истражување  во врска со тоа како децата реагираат на лажните вести.

Според податоците на ова истражување, децата за вести најмногу се информираат од телевизијата како медиум, со 64%, па следат социјалните мрежи со 56%.

Британските деца најчесто ги користат социјалните мрежи Фејсбук и Твитер.

Децата на возраст од 12 до 15 години, платформата на Јутјуб ја препознаваат  како бренд и тоа дури 94 %. Додека, 81% од децата на која било возраст го користат овој канал за гледање видеа или други видео содржини.

Она што е значајно во ова истражување, на британскиот регулатор за комуникации е фактот дека децата во Британија во  најголем дел, препознаваат ризик од лажно информирање. Децата го користат Фејсбук како социјален медиум. Но, кога станува збор за информирањето, тие сепак се многу внимателни во  поглед на доверливоста на информациите кои ги прочитале на оваа мрежа.

Дури 73% од повозрасните деца се свесни за „лажните вести“. Значајни 86% од децата на возраст од 12 до 15 години направиле проверка на веста без разлика од каде ја дознале.  Интересно е да се додаде, дека тие ги следеле и коментарите за нејзината автентичност.  46 отсто од децата велат дека им било тешко да кажат дали веста на социјален медиум е вистинита.

6 од 10 деца се подготвени да направат нешто во врска со откривањето на лажната вест.

Овие податоци на британскиот регулатор за комуникации се одличен податок, кој говори во прилог на важноста на интегрирањето на медиумската писменост во образовниот процес, уште од најрана возраст.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap