ДЕЦАТА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ТРАУМАТИЗИРАНИ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Децата ширум Велика Британија развиваат сериозни состојби со менталното здравје, вклучително и посттрауматски стрес, поради пандемијата, предупреди добротворната организација.

 

Во извештајот, организацијата „The Childhood Trust“ нагласува дека неповолноста ги прави децата крајно ранливи. Покрај вознемиреност за здравјето на нивните најблиски, многу деца се соочуваат со социјална изолација и глад. Недостатокот од пристап до Интернет, дополнително ги става децата во неповолна положба.

 

Со оглед на тоа што многу училници сè уште се затворени поради рестриктивните мерки, децата кои не можат да пристапат до Интернет од дома, практично се исклучени од онлајн учење. Наставниците предупредуваат дека ова ќе доведе до засилени нееднаквости меѓу нив и соучениците од подобро ситуираните семејства.

 

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap