СОМНЕЖИ ЗА ВИСТИНИТОСТ НА ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ ВО СРБИЈА

Tags: COVID-19Serbia
By јуни 23, 2020 Corona, Retrieved

Во Србија починале 632 пациенти од коронавирусот од 19 март до 1 јуни 2020 година, што е за 388 повеќе од официјално објавениот број за тој период, кој е 244 – дознава БИРН  врз основа на увид во податоците кои се дел од официјалните државни информации во КОВИД-19 системот.

Според БИРН, бројот на заразени лица во последните денови од минатата недела се движел меѓу 300 и 340 на ден, што ги надминува официјалните податоци за 97 нови случаи.

 

Податоците за бројот на заразени можат да се најдат во табелата наречена „Извештај за Владата“, која е направена врз основа на споменатиот информативен систем. Табелата содржи три вида податоци – број на тестирани и позитивни во последните 24 часа, број на смртни случаи одобрени од Министерството за здравство, како и зафатеност на кревети во болници.

Најголема разлика во бројот на починати е забележана во Клиничкиот центар Ниш, каде според официјално објавените податоци починале 77 пациенти.

 

Ниту еден претставник од надлежните институции во Србија: Министерството за Здравство, членови на Кризниот штаб, директори на болници и Институтот за здравје, не сакал за БИРН да ги коментира овие сознанија, ниту да ги објасни огромните разлики во бројките.

Во Србија во неделата na 21.06.2020, се одржаа парламентарни избори на кои убедлива победа однесе досегашната владејачка партија СНС на претседателот на државата Александар Вучиќ.

 

 

Извор: Balkaninsight.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap