ФРАНЦИЈА ГИ ОТВАРА КАФУЛИЊАТА И РЕСТОРАНИТЕ НА 2 ЈУНИ

Премиерот на Франција, Едуард Филип, најави повторно отворање на баровите и рестораните на национално ниво, иако Париз ќе има потреба од внимателен надзор и покрај тоа што веќе не е вирусно жариште.

 

Забраната за патување за над 100 км (60 милји) исто така е релаксирана, но сепак останува ограничувањето за собирање на групи, не повеќе од 10 лица.

 

„Слободата ќе стане правило,  забраната исклучок“, изјавил премиерот Филип. Франција ќе се обиде да ги отвори границите со другите европски земји на 15 јуни, додал Филип.

 

Повеќе од 28.000 луѓе починале од вирусот во Франција.

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap