СЕМЕЈСТВО ДОБРОВОЛНО УЧЕСТВУВА ВО ТЕСТИРАЊЕ НА ВАКЦИНА И СЕ ЦЕЛОСНО ИНФОРМИРАНИ ЗА ИСПИТУВАЊЕТО

Дезинформација бр:

#129

Дата:

12.05.2020

Извор:

ulica.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: “НЕ ЗНАЕМЕ ШТО НИ СТАВИЈА“: Семејство тестира вакцина против коронавирус

 

На 12.05.2020 на порталот Ulica.mk е објавен текст со наслов “НЕ ЗНАЕМЕ ШТО НИ СТАВИЈА“: Семејство тестира вакцина против коронавирус  што е одличен пример за тоа како изгледа click bait.

Во случајот од насловот на текстот се добива впечаток дека семејството кое било тестирано не знаело дека е дел од студија за тестирање и развивање на вакцина за коронавирусот, и наводно воопшто не биле запознаени со тоа што им е инјектирано.

Додека насловот е збунувачки и нејасен, во содржината  на текстот сосема јасно е претставено за што всушност се работи. Имено, британското семејство Вајни, мајката Кејти, таткото Тони и нивната ќерка Ријан се согласиле да волонтираат во една студија во која учествуваат 1000 луѓе и не знаат кој од нив добил вистинска вакцина бидејќи  половина од волонтерите ќе добијат потенцијална вакцина против коронавирусот, додека другата половина ќе добие плацебо, вакцина што штити од менингитис.

Соджината, како и насловот со мали промени се превземени од текстот Ne znaju šta im je ubrizgano, ni kako deluje, ali su zbog ćerke odlučili da se prijave: Ovo je porodica dobrovoljaca na kojima se testira vakcina protiv korone, објавено на 11.05.2020 од “Novosti.rs”, кој е наведен како извор на текстот.

 

Линкот до оригиналната статија можете да го најдете тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Тестирањето на вакцината за кое се пишува во текстот е спроведено од страна на Универзитетот во Охфорд и се спроведува врз волонтери-доброволци кои знаат како ќе се одвива процесот на тестирање. Семејството Вајни објаснува за своите искуства во статијата  Bicester family compare symptoms during coronavirus vaccine trial објавена на “oxfordmail.co.uk”. Нивните изјави се состојат од објаснувања за тоа како се изведува тестирањето, дека се состои од две групи каде едната група е вакцинирана со вакцината за коронавирус, додека другата е со плацебо вакцина која нема никакво дејство врз коронавирусот, туку е против менингитис. Волонтерите-учесници не знат во која од овие две групи се наоѓаат. Групата која ја прима вакцината за менингитис се нарекува контролна група која се користи за споредба на ефектите и успешноста на вакцината против коронавирусот. Овој начин на спроведување научни испитувања се нарекува студија со една завеса која служи за превенција на различно однесување на учесниците и мерење и верификација на плацебо ефектот во студијата доколку се или не се дел од контролната или тест групата.

 

Во моментот најразвиени истражувања за вакцина против коронавирусот има Оксфорд Универзитетот кои се стигнати до фаза на тестирање на над 6,000 учесници на прототипи на вакцината што е дел од нормалниот процес на развивање на различни видови на вакцини и се очекува да имаат вакцина подговтвена за јавноста до септември. Со ова истражување се поврзани статиите објавени од погоре напоменатите портали.

Со помал број на учесници започнати се и испитувања во Сеател, Вашингтон во инстиутот “Каисер Перманенте” за вакцина против коронавирусот, неодамна и Австралија во Австралиската државна научна и испитна организација заврши со тестирање на животни и наскоро ќе им се придружи на остатокот од осумдесетте истражувачки студии кои во моментот се спроведуваат во светот. Повеќе инфромации, влкучувајќи ги и овие напоменати овде може да прочитате на следниов линк.

 

Ваквите наслови имаат за цел погрешно да ги наведат читателите, затоа е неопходно да се чита и текстот, а не само насловите.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap