ФРАНЦИЈА СО ФОНД ОД МИЛИЈАРДА ЕВРА ЌЕ ЈА ПОМАГА АВИО ИНДУСТРИЈАТА

ПАРИЗ (Ројтерс) – Франција разгледува можности за формирање на фонд од 1 милијарда евра (1,1 милијарди американски долари), како дел од планот за итни случаи со цел да ја помогне авио индустријата. Деталите се очекува да бидат откриени во наредните денови, изјавил министерот за транспорт во неделата 07.06.2020.

 

Извори кои се во тек, за медиумите откриваат дека француската влада и претставници на индустријата преговараат за фонд за инвестиции од 1 милијарда евра. Овој фонд ќе биде обезбеден од приватни средства, со цел да се помогне, малите снабдувачи од овој сектор да се опорават од кризата предизвикана од коронавирусот.

 

„За еден од фондовите, тоа е повеќе или помалку цел“,  изјавил министерот Жан Баптист Џибари за каналот за вести ЛЦИ на прашањето дали е предвидена сума од 1 милијарда евра.

 

Тој не прецизирал што ќе покрие тој фонд или колку други фондови  ќе има, додавајќи дека иницијативата ќе биде претставена „следната недела“.

 

Извор: Reuters.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap