СЗО УКАЖУВА ДЕКА ПАНДЕМИЈАТА УШТЕ РАСТЕ, БАРАЈЌИ ВНИМАТЕЛНОСТ ОД ДРЖАВИТЕ

Tags: COVID-19PandemiaWHO
By јуни 9, 2020 Corona, Other

ЖЕНЕВА (Ројтерс) – Светската здравствена организација (СЗО) ги повика државите во понеделникот 08.06.2020 да продожат во напорите за справување со коронавирусот, нагласувајќи дека пандемијата се влошува на глобално ниво и сѐ уште не го достигнала пикот во Централна Америка.

 

„Над 136.000 случаи се пријавени во неделата, на глобално ниво, што е најмногу во еден ден досега“, изјавил генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејзус.

 

Рајан изјавил дека инфекциите во централноамериканските земји, вклучително и Гватемала, сè уште се зголемуваат и дека тие се „сложени“ епидемии.

 

„Мислам дека ова е време на голема загриженост“, изјавил тој, повикувајќи се на силно владино лидерство и меѓународна поддршка за регионот.

 

Бразил сега е едно од жариштата на пандемијата, со втор најголем број потврдени случаи, зад САД, а бројот на жртвите минатата недела ги надмина италијанските податоци.

 

Извор: Reuters.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap