И ПО ТРИ ДЕНА ОД САМИТОТ НА ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ ВО БРИСЕЛ, ДОГОВОР УШТЕ НЕМА

ЕУ лидерите го продложија самиот во Брисел, веќе трет ден, обидувајќи се да изнајдат компромис за огромниот план за закрепнување на економијата по коронавирусот.

 

Дел од земјите-членки веруваат дека предложениот пакет од 750 милијарди евра е преголем и треба да биде заем, наместо грантови.

Според германската премиерка Ангела Меркел, можно е да не се постигне договор до недела.

 

Третиот ден од самитот се случува по рекордниот еднодневен пораст на нови инфицирани ширум светот.

Светската здравствена организација (СЗО) во саботата 18.07.2020, соопшти дека бројот на новозаразени случаи се зголемил за скоро 260.000 за 24 часа.

 

Официјални лица изјавија дека ова е најголем еднодневен пораст од почетокот на пандемијата, а за прв пат бројот на нови дневни инфекции, надмина над четвртина милион заразени.

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap