РУСКИ МАТЕРИЈАЛ ВО ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ 2020

Последниве денови низ социјалните мрежи се појави видео како две жени полнат кутии во гласачко место. Одредени фејсбук страници и индивидуални профили го споделуваат со напомена дека видео материјалот е од парламентарните избори на 15 јули во Кичево, што е апсолутна невистина.

Имено, видеото е снимено во Русија и е објавено на Youtube пред 6 години. Во меѓувреме било користено неколку пати за манипулација. Се појавува на Youtube во 2016-та година, а во текстот се дава контекст дека видеото е од изборите во САД и дека полнењето кутии е дело на демократите, иако во дел од видеото јасно се гледа руско знаме на избирачкото место.

Инаку не е прв пат ова видео да се појави во контекст на изборите во Северна Македонија. Забележано е и на 6ти мај 2019та година, ден после вториот круг на Претседателските избори, на фејсбук профил наречен „Македонска дијаспора“.

Уште еден обид со руски материјал да се поткопа довербата во изборниот процес.

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap