Изгубени во преводот – Google не го брише македонскиот јазик

Tags: GoogleMacedonian languagePrespa Agreement
By февруари 17, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#2

Дата:

23.08.2018

Извор:

expres.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: Google го избриша македонскиот јазик, како опција го дава бугарскиот (ФОТО)

Текстот тврди дека Google го избришал македонскиот јазик, имплицирајќи дека наместо него опција е бугарскиот јазик. Дезинформацијата се заснова на т.н. корисници на Gmail и коментари од анонимниот автор. Обете го обвинуваат Google и Gmail, користејќи го моментот, да тврдат дека македонскиот јазик во рамки на Gmail услугата бил избришан дури и пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Како и во многу манипулативни текстови, фактите и бројките се ставени во погрешен контекст и злоупотребени.

Линк до оригиналната статија тука.

Линк до архивираната оригинална статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Во текстот не се дадени изјави од релевантни извори, а понудените слики не можат да се третираат како доказ за тврдењата дека Google го избришал македонскиот јазик. Овие тврдења се засновани на анонимни извори, презентирани во статијата како “корисници на Gmail”, што ја прави статијата ирелевантна.

Google е приватна компанија која обезбедува многу различни услуги, претпоставувајќи дека ја следи пазарната логика, како и секоја друга компанија. Една од услугите што ги нуди е Gmail. Утврдената пракса на Gmail да ги понуди своите услуги на различни јазици беше злоупотребена со цел да се поттикне националистичка еуфорија дека постои заговор против Македонија. Вистината е дека постојат приближно 7000 јазици во целиот свет, а Gmail функционира на 74 јазици. Македонскиот јазик никогаш не бил вклучен, како и јазиците од регионот, како што се албанскиот, црногорскиот и босанскиот јазик.

Меѓутоа, постојат и други услуги што Google ги нуди на македонски јазик, а кои функционираат совршено, како што е пребарувачот на Google, со екстензијата google.mk и translate.google.com.

Целиот текст е збунувачки и манипулативен, дури и за тимот на F2N2 кој имаше дилеми што да треба да разобличува. Покрај тоа, се чини дека т.н. Gmail корисници го „откриле“ Gmail дури во август 2018 година, па затоа авторот е изгубен во преводот.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap