YouTube не ги брише песните означени како Македонски

Tags: MacedonianPrespa AgreementYouTube
By февруари 17, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#1

Дата:

13.01.2019

Извор:

expres.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов:YouTube ги брише песните означени како Македонски

YouTube почна да ги брише песните коишто го содржат зборот “Македонски” (Macedonian). Грчката дијаспора објави дека, во согласност со Договорот од Преспа ќе побара од сите интернет сервиси да ја избришат целата содржина која го содржи зборот “Македонски” (Macedonian).

Линк до оригиналната статија тука.

Линк до архивираната оригинална статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Текстот не нуди никаков доказ дека YouTube отстранил македонска песна, како дел од „политичка акција“ врз база на Преспанскиот договор. Исто така, нема доказ за постоење на ваква изјава или линк каде што може да се провери дали Грчката дијаспора навистина го барала тоа. Договорот од Преспа не предвидува никакви активности поврзани со ова прашање. Дури и во случај Грчката дијаспора да го барала ова, YouTube е приватна компанија која не може да ги задоволи ваквите барања, без оглед од кого доаѓаат. Пребарувајќи го YouTube во средината на Февруари 2019 година, можеше да се најде огромен број на песни означени како „македонски“ (Macedonian), како што може да се види тука.

Вообичаената практика за манипулација со читателите е преку злоупотреба на „термини“, во овој текст – „Договорот од Преспа“, „Бисер Балкански“, „починатиот автор“, „авторски права“, да предизвикаат забуна и нелогичност. Дополнително, ваквиот наратив е употребен за политички цели против Договорот од Преспа.

Ова значи дека на пример, Вие можете да побарате од YouTube да ги отстрани сите песни на David Bowie затоа што не Ви се допаѓа неговата музика. Ова е се разбира невозможна мисија.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap