КИПАР ЌЕ ГИ ПОКРИЕ ТРОШОЦИТЕ ЗА ТУРИСТИТЕ КОИ ЌЕ СЕ ИНФИЦИРААТ ВО ТЕК НА ОДМОРОТ

Кипар вети дека ќе ги покрие трошоците за одмор на секој, чиј тест ќе биде позитивен на  вирусот, по патувањето таму.

 

Во писмото објавено на 27.05.2020, Владата соопштила дека ќе плати за сместување, лекови и храна за пациентите и нивните семејства. Туристите ќе треба само да ги сносат трошоците за нивниот лет.

 

Ова е дел од пакетот мерки насочени кон привлекување посетители на островот, кој има пријавено неколку случаи. Според податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“, земјата потврдила 939 инфекции и 17 смртни случаи.

 

Туризмот учествувал со околу 15% од БДП на земјата минатата година, па затоа Владата се обидува да ги врати патниците што е можно поскоро.

 

Кипар планира да ги отвори своите аеродроми на 9 јуни, за голем број земји за кои се смета дека имаат низок ризик, вклучувајќи ги Германија, Грција, Израел и Малта.

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap