МЕЛБУРН ГО ЗАПОЧНА НОВИОТ КАРАНТИН КОЈ ЌЕ ТРАЕ ШЕСТ НЕДЕЛИ

Во Австралија, вториот град по големина, Мелбурн, го започна вториот карантин како одговор на појавувањето на нови заразени со коронавирус.

Пет милиони жители на Мелбурн добија забрана да излезат од дома шест недели, освен поради суштински причини.

 

Полицијата соопшти дека поставува „прстен од челик“ низ градот, со „контролни пунктови во секое време и на било кое место“. Овие пунктови ќе го следат спроведувањето на мерките.

 

Границите низ Викторија,  каде Мелбурн е главен град, се затворија во вторникот кон соседните држави.

Премиерот Скот Морисон во средата 08.07.2020 на прес конференција, ги охрабри жителите на Мелбурн, изјавувајќи дека нивната жртва не е само поради нив и нивните семејства, туку и поради целото австралиско општество.

 

Извор BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap