РТ И СПУТНИК УСПЕШНА КОНКУРЕНЦИЈА НА РЕНОМИРАНИ МЕДИУМИ

На социјалните медиуми, содржината поврзана со коронавирус објавена од РТ и Спутник во Франција, Германија и Шпанија може да постигне повисока читаност по статија, во споредба со реномирани медиуми, покажа неодамнешната студија на Интернет-Институтот Оксфорд.

На пример, содржината на РТ и Спутник на шпански јазик на моменти достигнуваше до 16 пати поголем ангажман на Твитер и Фејсбук од поголемите медиумски куќи, како што се Ел Паис и Ел Мундо. Некои написи на РТ и Спутник на француски достигнаа до 5 пати поголем ангажман на социјалните медиуми во споредба со содржините произлезени од Ле Монд и Ле Фигаро; на германски јазик, скоро 2 пати, во споредба со Дер Сигел и Тагесшау.

Во текот на три недели во Мај и Јуни, истражувачите на Интернет Институтот Оксфорд ја следат шпанската, француската и германската дистрибуција на вестите за Ковид-19 од руски, кинески, ирански и турски медиуми поддржани од државата. Истражувачите откриле дека додека државните медиуми од Русија, Кина, Иран и Турција имаат помали мрежни дистрибуции споредено со најголемите весници иако не можат да бидат исто успешни како нив, тие сепак привлекле значително медиумско внимание по натпис, како конкуренција.

Ова илустрира како странските државни медиуми се во состојба да ги поларизираат дебатите на социјалните мрежи кои, иронично, се забранети во Кина и Иран.

Според Интернет Институтот – Оксфорд, најинтригантното известување поврзано со коронавирусот, дистрибуирано од државни медиуми, било презентирано во комбинација од превртени, лажни или погрешни информации што се обиделе да ги прикажуваат западните демократии како неуспешни, а да ги зајакнат сопствените успеси и теориите за заговор.

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: EUvsDisinfo

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap