Методологија

Методологијата ги претставува основните принципи врз кои се заснова Проектот, вклучувајќи ги основните информации за следново: диференцијација на видовите дезинформација и евалуација оценка на ознаките, начинот на избор на медиумски куќи кои се следат, објаснување на различните производи и темите кои ќе бидат опфатени.

Дезинформативни текстови

Дезинформациите се појавуваат во разни форми. Се доделува на сите статии кои содржат намерно пласирани лажни информации коишто се шират за да предизвикаат конфузија, манипулација или погрешно толкување. Дезинформацијата може да биде составена од целосно измислена лажна информација или пак е мешавина на измислени информации и делумно вистинити информации, злоупотреба на изворите на информација како и непоткрепени тврдења од официјални извори. Во зависност од нивната намена и целната публика, ги разликуваме следниве категории.
1

Лажни вести

се доделува на оригинален текст кој целосно е генериран од медиумот којшто го објавил и содржи лажни информации и тврдења. Содржината којашто е оценета се смета за лажна вест создадена со намера да ја дезинформира јавноста, т.е. се работи за тврдење кое е сосема неточно и се презентира како факт
2

Теорија на заговор

текст кој дава лажен или непроверен опис на одредени настани или лица, презентирајќи ги како дел или резултат на некаков скриен план (заговор).
3

Спин

тип на пропаганда која содржи извртено / погрешно толкување на информации и факти, за да се насочи јавноста кон интересите на нејзините креатори
4

Клик-бејт (клик-мамка)

статија чиј наслов не кореспондира со текстот. Насловот е обично сензационален, со цел да привлече поголем број посетители на веб-порталот. Во голем дел од случаите, клик-бејтот се користи за маркетинг и профитни цели, но има и друг поопасен вид кој ја содржи самата дезинформација во насловот. Овој вид може да ги измами читателите и без да го прочитаат текстот.
5

Говор на омраза

сите текстови кои омаловажуваат, малтретираат или провоцираат насилство или пак активности базирани на предрасуди во однос на лица или групи луѓе заради нивната раса, пол, возраст, етничка припадност, националност, религија, сексуален идентитет, полов идентитет, хендикеп, вербален капацитет, морални или политички погледи, социо-економска класа итн…
*Текстовите ќе бидат категоризирани врз основа на горенаведените дефиниции.

Избор на медиумски извори за мониторирање

Мониторингот ги опфаќа следните видови медиуми:

Онлајн – веб-портали

ТВ-канали

Социјални медиуми

Процесот на избор на медиумите беше изведен врз основа на зачестеноста на објавени дезинформации, користејќи го т.н. „snow ball“ метод (за интернет порталите) и периодичните извештаи на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги во Северна Македонија (за телевизиските станици) за рејтинзите и за фреквенциите на медиумските производи. Процесот, организиран преку неколку нивоа на надзор и контрола, ги филтрира статиите означени од одговорните за мониторинг, кои се квалификуваат за разобличување / истражување и објавување. Секоја статија е подготвена на три јазици: македонски, албански и англиски.

Сегменти на F2N2

Производите изготвени од F2N2 се поделени во четири различни пакети: Дезинформации, Д-наративи, Анализи и Видеа.

Сегментот Дезинформации содржи кратки статии кои првенствено се насочени кон дезинформации што се објавуваат од страна на некој медиум/групи и јавни профили на социјални мрежи. Овој сегмент им нуди на читателите краток и лесно читлив текст, со  факти и докази кои ја докажуваат „оценката“ на анализираната дезинформација. Природата на овој дел е да понуди брза реакција на забележаните дезинформации преку мониторингот, со што ќе и овозможи на јавноста да добие навремени и веродостојни информации, пред да се развие наративот и истиот да се прошири на социјалните медиуми. Базата на податоци со сите случаии може да се пребарува според два параметри: оценка на текстот и тема, нудејќи историски преглед на дезинформативните наративи.

Статиите во овој сегмент се изготвуваат според следниве чекори:

  • Наслов на F2N2 на статијата;
  • Оценување на текстот;
  • Приложување на оригиналниот наслов на текстот,
  • Опис на дезинформацијата;
  • Линк до оригиналната статија;
  • Линк до архивираната оригинална статија;
  • Проверка на факти, истражување, консултации;
  • Разобличување на дезинформацијата: јасно објаснета оценка базирана на утврдени факти и методологија за оценка.

Овој сегмент им нуди на читателите не премногу долга анализа на дезинформативниот наратив, креиран околу одредено прашање, базирана на неколку статии, објавени и споделени. Овој продукт им нуди на читателите преглед на фактите, трендовите, развојот на дезинформативниот наратив на интернет и социјалните медиуми, според одредени временски и географски критериуми, на пример: кој прв ја објавил веста и кога, кој го сменил контекстот, кога се појавил дезинформативниот наратив и околу кој важен настан и/или како веста се развила во дезинформација.

Сегментот Анализа им нуди на читателите можност да добијат повеќе академски и научни текстови за прашањата кои се предмет на дезинформацијата. Овој дел ќе ги користи услугите на разни академски и експерти од праксата, со што ќе се обезбедат конкретни информации, појаснувања и практични шеми и модели за одредено прашање.

Сегментот Видео ќе продуцира содржини во форма на кратки видеа со лесно разбирливи објаснувања за дезинформациите и нивните причини, како и презентација на F2N2 текстови.