Денес (25.02.2022) здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ ќе одржи мирна акција која ќе започне во 14:30 часот во центарот на Скопје (Плоштад „Македонија”). Акцијата ќе се упати кон Амбасадата на Руската Федерација во Скопје (ул. Пиринска, бр. 44, 1000 Скопje). Целта на оваа акција е да се упати поддршка кон украинскиот народ и држава во битката која ја водат против руската воена инвазија во Украина.
Тимот на ФН Ве повикува да се приклучите кон оваа мирна акција против руската агресија врз Украина!