СТАРА БАРАКА ПРЕТСТАВЕНА КАКО РУСКИ ГРАНИЧЕН ПУНКТ – ДЕЛ ОД РУСКА ОПЕРАЦИЈА ‘ЛАЖНО ЗНАМЕ’

Во последните денови Кремљ ги интензивираше операциите ‘лажно знаме’ преку инсценирање на непријателски акти, а со цел да ги засили “формалните причини“ за да ја продолжи инвазијата на Украина.

На 21 февруари во македонскиот онлајн простор се појавија информации дека “руски граничен пункт“ бил гранатиран од страна на украинската армија. Ова тврдење првично беше лиферувано од страна на руската служба за безбедност (ФСБ) и пренесено од РИА новости, како и од други руски медиуми контролирани од Кремљ.

Слика 1 (горе) извор FSB уништен објект
Слика 2 (долу) приказ на состојбата на бараката претходно
Извор: Стратком Украина

Некои странски медиуми објавија написи со кои изразија сомнеж, објавувајќи го следното: “Новинската агенција РИА сподели видео снимка објавена од ФСБ која прикажува дека мала барака (помошен објект) е разнесена. Снимката не го прикажува проектилот.

Украинските безбедносни сили и Генералштабот на вооружените сили ги отфрлија ваквите обвинувања, притоа обезбедувајќи факти зошто ваквата операција е невозможна: “Артилеријата на безбедносните сили е повлечена во позадината на украинските позиции. Поради тоа, а земајќи ги предвид и техничките карактеристики на артилериските системи кои се на располагање, гранатирањето на горенаведената барака е невозможно“.

Понатаму, украинскиот стратком потенцираше декаУкраина во повеќе наврати повтори дека ги почитува договорите од Минск и не отвора оган на странска територија“.

Извор: GoogleMaps – Координати за геолокација

Вистинските факти поврзани со оваа операција ‘лажно знаме’ кои беа драматично пренесени од страна на руските медиуми контролирани од Кремљ се претставени во следната OSINT анализа: Анализата покажува дека (1) настанот кој се случил на 21 февруари не е гранатирање на Граничен пункт туку обична напуштена барака, додека на 19 февруари ФСБ јавува за друг настан кој е спроведен токму од оваа служба, за што постои и видео доказ, скоро идентичен како и опишаниот; (2) правецот, насоката и скоро точната локација од каде се лансирани гранатите покажуваат територија која е на руската страна/брег од реката Севернодоњецка и е под контрола на руските хибридни сили, што може да се забележи и од координатите на снимката која е пуштена од страна на ФСБ; (3) Украинската армија се наоѓа на најмалку дваесетина километри од локацијата, што ја прави оваа операција невозможна за неа.

Анализата на геолокацијата потврдува дека физички проектили не можат да бидат лансирани од територијата која е под контрола на украинските власти, прикажувајќи ја притоа точната позиција од која всушност е спроведено гранатирањето и која е под контрола на руските хибридни сили.

Во објава уште од 19 февруари украинските безбедносни и воени сили објавија факти зошто украинската артилерија не може да е одговорна за овој настан и вакви слични настани, со оглед на тоа дека станува збор за оддалеченост од 21 километар од “линијата на судир“ и таа нема капацитет да спроведе таква акција. Оваа објава е одговор на објавите на порталот контролиран од Кремљ, NewsFront, како претходница на овој инцидент.

Source: FB post of Oksana Kovalenko

Друг извор пак преку слика тврди дека растојанието од локацијата каде што се случил инцидентот до позицијата на која се наоѓаат украинските сили е скоро 40 км.

Ова е уште еден пример за тоа како руските непријателски и информациски операции се спроведуваат при изведување на операција ‘лажно знаме’, со цел да се обезбеди casus belli, или инсцениран повод за војна, односно продолжување со инвазијата на Украина, а притоа Украина да биде одговорна за тоа.

Автор: Дарко Алексов

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap