НАСЛОВОТ НЕ СМЕЕ ДА СУГЕРИРА ПОГРЕШЕН ВПЕЧАТОК

Дезинформација бр:

#102

Дата:

02.04.2020

Извор:

infomax.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

На 02.04.2020 порталот Инфомакс објави текст со наслов:  „(ФОТО) КOРOНAВИPУCOТ МУ ГО OДЗEДE ЖИВOТOТ: Cемејството на актерот Бјелогрлиќ во шoк“

Линк до оригиналната статитија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Објавениот текст е клик бејт. Насловот и фотографијата на актерот Драган Бјелогриќ, предизвикуваат погрешен впечаток кај читателот дека од коронавирус починал познатиот актер, а неговото семејство е во шок.

Насловот и фотографијата наведуваат на едно, а текстот кој следи во продолжение  е малку поразличен и ја открива вистината. Во текстот под овој наслов,  сепак се наведува за тоа кој е починатиот: Српските медиуми денеска на големо пишуваат за cмpттa на најдобриот пријател на претседателот Александар Вучиќ како и роднината на актерот Драган Бјелогрлиќ од кoрoнaвиpyc. “

Вистина е дека актерот Драган Бјелорлиќ е жив. Починатиот е негов роднина. Нејасно е зошто на ваков начин е презентирана веста за личност која не и е позната на македонската јавност.

Светот е исправен пред предизвикот кој го наметнува пандемијата од Ковид 19. Сите се вознемирени. Токму затоа, сензитивноста на новинарите кога известуваат за информациите врзани за коронавирусот, од суштинско значење е да биде издигната на највисоко професионално ниво.

Во вакви вонредни околности, недозволиво е јавноста да биде наведувана погрешно, особено кога станува збор за трагедија. Медиумите мора да бидат особено внимателни и  професионални, како и да ги почитуваат основните новинарски стандарди без отстапки.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap