ЊУЈОРК НА 22 ЈУНИ ЈА ПОДГОТВУВА ВТОРАТА ФАЗА ОД ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ

Tags: COVID-19New YorkUSA
By јуни 19, 2020 Corona, Other

ЊУЈОРК (Ројтерс) – Њујорк ќе ја започне втората фаза од повторното отворање во понеделник, најавил во четвртокот 18.06.2020, градоначалникот Бил де Бласио, повикувајќи се на континуирани подобрувања од податоците за коронавирусот.

 

Канцелариите, продавниците за малопродажба, консумирањето храна на отворено, како и фризерските салони се меѓу деловните субјекти на кои им е дозволено да ги отворат своите врати за време на втората фаза.

„Видовме постојан напредок и време е да им кажеме, да, на сите подготвени за втората фаза“, изјавил Де Бласио на конференцијата за новинари.

 

Тој во четвртокот потпишал извршна наредба за започнување на иницијативата „Отворени ресторани“ што ќе им овозможи на рестораните, кафулињата и баровите кои служат храна, да аплицираат за да користат одредени простори како подвижни локации за консумирање храна на отворено.

 

Извор: Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap