ПАРТИСКО СООПШТЕНИЕ СО МАНИПУЛАТИВНА СОДРЖИНА ВО КОМБИНАЦИЈА СО СТАРА ФОТОГРАФИЈА СЕ КОРИСТИ ЗА ОБВИНУВАЊЕ НА ЗАЕВ

Tags: fake newsZoran Zaev
By јули 30, 2020 мај 6th, 2021 Corona, DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#182

Дата:

19.07.2020

Извор:

kurir.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов: ВМРО-ДПМНЕ: Дента кога Македонија брои 241 новозаразени, другарите на Заев полнат дискотеки со луѓе без дистанца и заштита

На 19.07.2020 година, порталот Курир.мк објави текст со наслов ВМРО-ДПМНЕ: Дента кога Македонија брои 241 новозаразени, другарите на Заев полнат дискотеки со луѓе без дистанца и заштитаВо својот текст порталот се повикува на партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, во кое меѓу другото се вели: “Дента кога во Македонија броевме 241 новозаразени од коронавирус и 8 мртви дискотеки во Струмица сопственост на другарите на Заев се преполни со народ. Без маски, без дистанца, без никаква заштита.” Притоа во прилог на текстот порталот објавил и фотографија од лидерот на СДСМ Зоран Заев со извесно лице.

 

Линк од оригиналната статија можете да најдете тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Порталот  Курир.мк, пренесувајќи го партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ кое содржи обвинувања насочени кон политичкиот опонент, истовремено и го “зајакнува” нивното обвинување со наводен доказ- фотографија од лидерот Заев во дискотека без почитување на препораките за задолжителна дистанца и носење маска.

Имено фотографијата што ја искористил порталот е стара, и датира од Август 2018 година, а во случајот е злоупотребена со цел да се “поткрепи” обвинувањето насочено кон  Заев и неговите другари, кое е изнесено без никаков доказ.

Од ова јасно е дека целта на авторот на текстот е насочена кон дискредитација на лидерот на СДСМ, па ја манипулира јавноста со стара фотографија.

Што се однесува до случајот со струмичката дискотека Аватар, на која алудираат во текстот и се обидуваат да го инволвираат Заев во тоа, уште истиот ден имаше остра реакција од Министерот за здравство Венко Филипче со која побара итно надлежните институции – МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин.

И како што пишува 360 степени, веќе на 21 јули, Ноќниот клуб „Аватар“ во Струмица заврши со пломба на врата. И овој случај е еден од низата во кои близината или пријателството помеѓу политичари и бизнисмени не значи дека институтициите не постапуваат и не ги санкционираат прекршувањата и не почитувањето на законите.

Сите инстититуции се во служба на граѓаните за заштита на здравјето на сите. Затоа ваквите наслови кои имаат за цел да ја поткопаат довербата во сиситемот и да предизвикаат незадоволство, може само негативно да влијаат врз јавноста, а сето тоа да резултира со штета по однос на јавното здравје.

Ова е само уште е еден случај од многуте написи на овој портал на пристрасно известување и манипулирање со јавноста во корист на одредена политичка партија.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap