ПЕКИНГ ПОВТОРНО ПОД РЕСТРИКЦИИ ПО ВРАЌАЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

Tags: BeijingChinaCOVID-19
By јуни 16, 2020 Corona, Other

ПЕКИНГ (Ројтерс) – Властите во кинеската престолнина повторно ги активирале рестриктивните мерки во одредени реони. Контролни пунктови, затворени училишта и нови насоки за тестирање за коронавирусот се дел од преземените мерки, по неочекуваните случаи кои се појавиле во најголемиот пазар за храна на големо во Азија, во понеделникот 15.06.2020.

По скоро два месеци без нови случаи на инфекција, властите во Пекинг регистрирале 79 нови случаи, во текот на изминатите четири дена. Оваа бројка е најголема во овој град од февруари.

 

Коронавирусот пак го зафати Пекинг, седиштето на многу големи корпорации, што придонесе за бранови неизвесност во време кога Кина се обидува да се справи со економските предизвици  како резултат на КОВИД-19.

 

Утврдено е дека изворот на заразата е најголемиот пазар на храна на големо во Азија, чија големина одговара на површина од околу 160 фудбалски игралишта, што е за дваесет пати повеќе од пазарот на морски плодови во Вухан, од каде што почна да се шири пандемијата со коронавирусот.

 

Извор: Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap