Планот на Далес е на врвот на теориите на заговор

Tags: ConspiracyDulles plan
By февруари 18, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#6

Дата:

29.12.2018

Извор:

Facebook

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Теориите на заговор остануваат да бидат дел од дезинформациите и ширењето на лажните вести. Кон крајот на јануари и во текот на февруари 2019 година, македонската јавност беше сведок на видео објавено на Фејсбук, од страна на разни анти НАТО и анти ЕУ промотори.

Видеото е на српски јазик, со титл на македонски јазик, со фокус на т.н „План на Далес“. Видеото дава преглед на планот дури со повторување на одредени поенти, па затоа трае приближно 3 минути.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Со едноставно пребарување на интернет, F2N2 пронајде бројни видеа и статии на руски јазик, кои пренесуваат идентична содржина, а навредлива за Словените, со акцент на Русија. Не постои доказ за документот т.е. за таканаречениот „План на Далес“. Заклучивме дека се работи за стар наратив за заговор, што првенствено се користел од страна на руската пропаганда, по падот на СССР, со цел да се претстави Америка како најголем непријател. Интересно е да се види неговиот развој во регионот, почнувајќи од Србија до Црна Гора и Македонија. Дури и Руски истражувачи и академци признаваат дека таков документ (барем официјално) не постои и не може да се најде, освен во романот со фиктивна содржина „Вечен повик“ од 1981 година, од Анатоли Иванов и руските медиуми во доцните 80-ти и 90-ти години.

Со едноставно пребарување на интернет може да се види и заклучи дека речиси 40-годишната руска пропаганда е присутна на Балканот дури и во денешно време.

Ги молиме оние кои го виделе официјалниот документ, и можат да го докажат неговото постоење, да ни се обратат. Во меѓувреме, можете да го проверите „Планот на Далес“ тука.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap