Заедничката гранична контрола не резултира со големи земји и територии

Tags: border controlGreater Albania
By февруари 18, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#5

Дата:

29.12.2018

Извор:

infomax.mk

Време на читање:

2 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Граничната контрола помеѓу Албанија и Косово е укината: „Голема Албанија“ е чекор поблиску до нејзината имплементација, следно е укинување на македонската гранична контрола со Косово и Албанија“!

Линк до оригиналната статија тука.

Линк до архивираната оригинална статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Не постои доказ дека граничната контрола помеѓу овие соседни земји ќе биде укината. Напротив, контролата на границата ќе ја спроведуваат заеднички единици од двете страни, во овој случај Албанија и Косово, што може да се види тука. Оваа статија претставува дезинформација во форма на спин, што може да се види од развој на статијата на интернет.

Информацијата која посочува и објаснува добра практика (каква што е воспоставена помеѓу Албанија и Црна Гора),  преземена e од одредени портали кои ја спинуваат информацијата дека граничната контрола ќе биде комплетно укината, претставувајќи ја како чекор кон „Голема Албанија“.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap