ПОЗИТИВЕН ЗНАК ЗА ВАКЦИНИТЕ: ИНФИЦИРАНИ МАЈМУНИ СО КОВИД-19 РАЗВИЛЕ ИМУНИТЕТ ВО ИСТРАЖУВАЧКИОТ ПРОЦЕС

ЧИKAГО (Ројтерс) – Две студии објавени во средата на 20.05.2020, нудат првични научни докази дека преживувањето на КОВИД-19 кај мајмуните, може да резултира со имунитет од реинфекција, позитивен знак дека вакцините во развој можат да успеат. Ова го изјавиле американските истражувачи, дел од овие научни студии.

 

Иако научниците претпоставуваат дека антителата произведени како одговор на новиот  коронавирус се заштитнички, малку се научно ригорозни докази кои ќе ги поткрепат овие тези.

 

Во една од новите студии, истражувачите заразиле девет мајмуни со COVID-19, болест предизвикана од коронавирусот. Откако се опоравиле, тимот повторно ги изложил на вирусот и животните не се разболеле.

 

Откритијата сугерираат дека тие „развиваат природен имунитет кој штити од повторна изложеност“, вели д-р Дан Баруш, истражувач во Центарот за вирусологија и истражување на вакцини во Бостон, чии студии беа објавени во списание Science.

 

Извор:  Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap