ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БРАЗИЛ, КОЈ ОДБИВАЛ ДА НОСИ МАСКА, ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСОТ

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро е позитивен на коронавирус. Тој во неколку наврати, критички се изјаснувал за според него „малиот грип“, тврдејќи дека нема да биде сериозно засегнат. Се спротиставувал на рестрикциите, затоа што според него, штетат  на економијата.

 

Неговиот резултат на тестирањето е позитивен, по четири тестирања, откако развил симптоми, вклучително и висока температура. Во својата изјава, тој во вторникот 07.07.2020  во телевизизиско интервју, открил дека е позитивен. Според неговата изјава температурата се спуштила, а тој се чувствувал добро. Симптомите ги почувствувал во неделата, имал кашлица и висока температура.

 

Болсонаро главно одбивал да носи маска во јавноста.

Бразил со 1,6 милиони заразени и 65.000 починати е втор во светот според погоденоста од коронавирусот после САД.

 

 

Извор: BBC.com

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap