РОСАНА АЛЕКСОСКА: РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ ОСОБЕНО СЕ ПРОВЛЕКУВА ВО КЛУЧНИ ПЕРИОДИ И НАСТАНИ ЗА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Росана Алексоска, менаџер на проектот за борба против лажните вести и наративи на МОСТ – FN, во интервју дадено на 31 јануари 2022 година за проверувачот на факти “Вистиномер” даде свој осврт за тоа како руско влијание се провлекува во клучни периоди и настани за Северна Македонија. Во продолжение Ви пренесуваме мал дел од поентите кои Алексоска ги истакна во своето интервју.

 

Она што е важно да се напомене е дека ова штетно странско влијание доаѓа од авторитарни и илиберални држави и истото може да се окарактеризира како “sharp power”. Овој концепт всушност значи дека овие авторитарни режими во своите држави ја потиснуваат слободата на говор и ги кршат човековите права, а во исто време ги злоупотребуваат отворените демократски општества за да промовираат и наметнуваат илиберализам и авторитаризам. Авторитарното влијание во младите и ранливи демократии од Западен Балкан е карактеризирано како „остро“, во смисла на тоа дека пенетрира во или го перфорира информацискиот простор, обидувајќи се да влијае врз граѓаните преку манипулации и дисторзија на информациите.

 

Дезинформациите и информациските операции се водат од заблудите, погрешните перцепции и погрешните верувања кои постојат кај дел од граѓаните. Од друга страна, ширењето на дезинформации и пропаганда придонесува кон засилување на ваквите заблуди, погрешни перцепции и уверувања.

 

 

Русија има интерес овој регион да биде дел од нејзината „сфера на влијание“ и не може да се помири со тоа дека веќе скоро сите овие држави станаа членки на НАТО. Во овој период, оваа стратегија на Русија може да се воочи и од ситуацијата со Украина, каде покрај хибридната војна којашто ја води против Украина уште од окупацијата на Крим во 2014 година, таа премина и на повисоко ниво и бара од суверена држава својата надворешна политика да не ја води според интересот на своите граѓани, туку според руските интереси. Сето ова, вклучително и страдањата на Украинските граѓани и држава, повеќе од 14.000 Украинци ги загубија животите, нарушен е територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, е во спротивност со основните принципи на меѓународните односи коишто го обезбедуваат мирот и безбедноста.

 

Она што е зачудувачки е што одредени структури во општеството сè уште се однесуваат како Северна Македонија да не е членка на НАТО, иако од нејзиниот прием во НАТО скоро ќе изминат две години. НАТО е пред сè Алијанса, што значи дека ние сме стапиле во одбранбено-безбедносен сојуз со другите 29 држави-членки и секако дека треба да учествуваме во каква било одбранбена операција која НАТО ја презема или планира да ја преземе.

 

Целото интервју можете да го прочитате на следниов линк.

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap