РУСИЈА ПРИЈАВИ НАЈГОЛЕМА БРОЈКА ПОЧИНАТИ ВО ЕДЕН ДЕН

Tags: COVID-19Russia
By мај 25, 2020 Corona, Other

МОСКВА (Ројтерс) – Русија во неделата 24.05.2020, извести за 153 смртни случаи, поради коронавирусот во текот на изминатите 24 часа, што е најголем број на дневни жртви од почетокот на епидемијата. Со ова, вкупната бројка на починати се искачи на 3.541, откри Националниот центар за справување со коронавирус во Русија.

 

Бројките за ширење на коронавирусот, упатуваат на нови 8.599 случаи. Оваа бројка е помала од претходниот ден, а вкупна бројка на заразени во земјата достигна  344.481 лица.

 

Извор: Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap