СОВЕТНИКОТ НА БЕЛАТА КУЌА, ПРИКРИВАЊЕТО НА КИНА ВО ВРСКА СО КОРОНАВИРУСОТ, ГО СПОРЕДИ СО ЧЕРНОБИЛ

ВАШИНГТОН (Ројтерс) – Висок официјален претставник на Белата куќа во неделата на 24.05.2020, справувањето на Кина со појавата на коронавирус, го спореди со прикривањето на Советскиот Сојуз околу експлозијата на нуклеарната централа во Чернобил во 1986 година.

 

Советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан изјавил дека Пекинг знаел што се случува со вирусот кој потекнува од Вухан, од Ноември, но ја излажал Светската Здравствена Организација и спречил надворешните експерти да имаат пристап до информации.

 

„Тие ослободија вирус во светот, што уништи трилиони долари од американско економско богатство, кои ние треба да ги потрошиме за да ја одржиме нашата економија жива, да ги задржиме Американците во живот за време на овој вирус“, изјавил О’Брајан за „Ен-Би-Си“ .  „Прикривањето што го направија за вирусот  ќе замине во историјата, заедно со Чернобил. Ќе гледаме специјално за тоа на HBO десет или 15 години од сега “, додадал О’Брајан.

 

Катастрофата во нуклеарната централа во Чернобил, во поранешната советска република Украина, ослободи радиоактивен нуклеарен материјал, од кој загинаа десетици луѓе за неколку недели и принуди  уште десетици илјади да избегаат. Москва  го одложи откривањето  на она што се смета за најтешка нуклеарна несреќа во историјата.

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, редовно реагира во врска со постапувањето на Кина од избувнувањето на коронавирусот.

 

Извор: Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap