РУСИЈА ШИРИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА НА БОРИС ЏОНСОН, МАНИПУЛАЦИИТЕ ПРИСУТНИ И ВО ЗЕМЈАВА

Дезинформација бр:

#104

Дата:

06.04.2020

Извор:

ria.ru

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Руската национална агенција Риа Новости на ден 06.04.2020 објави текст насловен „Источник: Джонсона подключат к ИВЛ“ во кој наведуваат дека британскиот премиер ќе биде ставен на механичка вентилација поради коронавирусот. Во текстот се наведува дека Џонсон бил итно хоспитализиран.

Агенцијата се повикува на извор кој бил близок до раководтсвото на нациоионалниот здравствен систем на Британија.

Веста брзо ја раширија неколку руски портали. Спутник објави дека Џонсон ќе биде ставен на механичка вентилација, како што им пренел нивниот извор, но во текот на денот ја надополни веста со официјалната изјава на портпаролот на британскиот премиер во која тој нагласува дека Џонсон не е ставен на механичка вентилација.

Линк до оригиналната статија  тука

Веста во нашата земја беше превземена од страна на следниве медиуми: РепубликаНетпрес, ИнфомаксВечер,  Слободен печатФактор,  МТМ.мкМакфакс, Екран.мк24инфо, Пулс 24, Таратур, Expres.mkМакедонскивесник.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Објавениот текст е дезинформација и истата брзо беше пресретната од британската влада.

Британската влада на 06.04.2020 ја обвини Русија за ширење лажни вести за британскиот премиер. Според нив, нивната специјализирана владина единица забележала пораст на лажни вести и погрешни наративи уште од почетокот на пандемијата.

Според портпаролот на британскиот премиер, тие ќе настојуваат да вршат силен притисок врз дигиталните платформи и нивните компании, во насока на пресретнување на лажните наративи и спречување истите да се шират.

Дополнително и денеска 07.04.2020 секретарот за надворешни работи Доминик Раб изјави дека здравјето на Џонсон е стабилно и дека прима “стандардна воздушна терапија”, односно дека дише без помош на механичка вентилација.

Џонсон беше примен во болница во неделата, по претходно констатирање дека е позитивен на коронавирусот.

Портпаролот на британскиот премиер ја обвини Русија за ширење дезинформации, откако руските државни гласила пренесоа вест дека Џонсон е поставен на механичка вентилација. Тој овие обвинувања ги отфрли со децидна изјава дека се дезинформација.

„Ова е дезинформација“-изјави тој. Дополнително додаде дека  „Премиерот имаше пријатна ноќ во болницата Томас во Лондон и добро се чувствува“.

Информација за здравствената состојба, британскиот премиер сподели на неговиот официјален профил на Твитер:

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap