ИЗЈАВИТЕ НА ЕДЕН КОНТРОВЕРЗЕН ЛЕКАР НЕ СЕ „ДИЈАГНОЗА“ НА ЦЕЛАТА СОСТОЈБА СО КОРОНАВИРУСОТ

Дезинформација бр:

#105

Дата:

28.03.2020

Извор:

N/A

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Интервјуто на еден германски лекар, дадено за подружницата на RussiaToday во Германија за корона вирусот, е база за три текстови на македонски портали како Точка,Република и Пресинг.

Точка објави текст во кој што вели дека според изјавата на германскиот лекар, во Италија има голем број на починати лица поради не знаење на лекарите.

Република ја објавува верзијата во која што лекарот вели дека бројот на заболени е лажен бидејќи половина од тестовите се неточни.

Пресинг исто така цитирајќи го лекарот од Германија објавил текст во кој што се вели дека неточноста на резултатите од тестовите е причина за големиот број на заболени и дека на годишно ниво има слични бројки на заболени и смрт како за коронавируси од грип.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

а еден неоспорен факт а тоа е дека германскиот лекар интервјуто го дава за RussiaToday, медиум финансиран и под контрола од Руската Влада. Во врска со неговите изјави веќе и меѓународната телевизија Al Jazeera објави видео во кој што објаснува дека се работи за вести кои што се под директива од Русија. Ваквите објави имаат за цел да ја разнишаат довербата на граѓаните во институциите а во овој случај и да створат дополнителна паника помеѓу германските граѓани. Германија е држава која е сериозно погодена со коронавирусот, но засега одлично се справува со оваа закана, посебно ако се погледне бројот на починати.

Во разобличувањето од Ал Џезира со право се потенцира дека информирање врз основа на изјавите на еден лекар се еднострано информирање, без да се имаат предвид фактите и насоките од меѓународните здравствени институции.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap