КОВИД-19: ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЈУРОВА ЗБОРУВА ЗА ПРОБЛЕМОТ НА ДЕЗИНФОРМАЦИИ СО ОНЛАЈН ПЛАТФОРМИ | ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Tags: COVID-19Vera Jourova
By април 8, 2020 април 17th, 2020 Corona, Other, Retrieved

Вчера, потпретседателката за европски вредности и транспарентност, Вера Јурова, се сретна со претставници на онлајн платформи, вклучувајќи ги и Гугл, Фејсбук, Твитер и Микрософт, за да дискутира во врска со ширењето на дезинформации поврзани со почетоците на Ковид-19 вирусот. Учесниците, кои се потписници на Кодексот на практики против дезинформациите, потврдија дека откриле разни видови на дезинформации или лажни информации онлајн и презеле низа мерки против нив. Потпретседателката Јурова ги поздрави чекорите преземени од платформите и нивната соработка со релевантните меѓународни органи и оние на државите членки на ЕУ. Таа исто така истакна дека е важно платформите да ги употребуваат истите алатки низ сите земји членки, особено кога станува збор за цитирање на авторитетни извори. Потпретседателката Вера Јурова рече: „јасно ми е дека треба да го продолжиме мониторингот и активностите на платформите. Исто така ги повикувам и останатите платформи кои не се потписници на Кодексот на практики против дезинформациите да употребат алатки неопходни за адресирање на проблемот со дезинформациите поврзани со Ковид-19 вирусот и ги поканувам да се придружат на Кодексот на практики против дезинформациите. Ги поканив потписниците да се состанат повторно за 4 недели за да ги продолжиме разговорите и да размениме информации во меѓувреме.“ Се на се, оваа брза реакција на онлајн платформите кон дезинформациите поврзани со почетоците на Ковид-19 потврдува дека алатките развиени во Кодексот на практики против дезинформациите жнеат плодови и дека тие им помогнаа на потписниците да постават брзи и тестирани решенија. Истото се однесува и за Системот за брзо предупредување, кој беше користен за размена на податоци помеѓу земјите членки на ЕУ и институциите на ЕУ во врска со дезинформациите поврзани со Ковид-19 кои доаѓаат од надворешни извори. Повеќе информации во врска со одговорот на ЕУ кон Ковид-19 се достапни на вебстрана посветена на тоа.

 

Статијата е комплетно превземена од pubaffairsbruxelles.euоргиналниот текст можете да го прочитате на следниов линк.

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap