ШЕФОТ НА СЗО: ПРЕДВРЕМЕНОТО ОТСТРАНУВАЊЕ НА ИЗОЛАЦИЈАТА МОЖЕ ДА ЈА ВРАТИ СМРТА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Tags: COVID-19Tedros GhebreyesusWHO
By април 11, 2020 април 17th, 2020 Corona, Other, Retrieved

Тедрос Геберисиус предупреди дека предвременото “враќање во нормала“ може да биде биде подеднакво смртоносно доколку не се менаџира соодветно.

 

Избразаното отстранува на мерките за социјално дистанцирање може да предизвика повторен смртоносен удар на COVID-19, предупреди во петокот (10.04.2020) шефот на Светската Здравствена Организација.

Констатирајќи дека некои од државите веќе ја започнале транзицијата од рестриктивни мерки кон дозвола за движење, Генералниот директор на СЗО, Тедрос Геберисиус предупреди дека “доколку не се менаџира соодветно намалувањето на рестрикциите може да предизвика смртност иста како во најлошиот период на појавата на болеста.“

Тедрос не посочи ниту една конкретна држава. Сепак неговите забелешки дадени на конференцијата за медиуми беа предизвикани откога неколку членки на ЕУ, како Австрија, Данска и Чешка, најавија конретни планови за отстранување на рестриктивните мерки.

Европската комисија по реакцијата од страна на неколку свои членки мораше да го забави својот план за отстранување на рестрикциите, со укажување дека истото не смее да биде преурането.

На прес конференцијата Тедрос објави 6 услови кои треба да бидат исполнети за да дојде до намалување на рестриктивните мерки. Меѓу нив се пренесувањето на вирус да е ставено под контрола пропратено со доволен број на медицински персонал за борба против истиот. Ризици од повторно ексползија на вирисуот во установите за здравствена заштита како што се бониците да биде минимизиран и да бидат воспоставени сериозни превентивни мерки во таканаречените “чувствителни локации“ како што се училиштата. Државите исто така ќе мора да имаат стратегија за да го менаџираат висрусот доколку повторно им биде увезен, посочи Тедрос, повикувајќи ги заедниците “да бидат потполно свесни и посветени на транзиција од рестрикции кон нормално функционирање.“

 

Целосно превземено од: politico.eu

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap