СЈО не заминува во историјата

Tags: SJOSpin
By април 11, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION, Spin

Дезинформација бр:

#15

Дата:

09.04.2019

Извор:

netpress.com.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов на статијата: СЈО заминува во историјата, договориле лично Мицковски и Заев

На 9 април во јавноста се појави дезинформација во која уште во насловот се тврди дека СЈО заминува во историјата, базирана на непотврдени информации добиени од партиски извори. Насловот сугерира дека на лидерска средба меѓу Мицковски и Заев е договорено СЈО да не продолжи да функционира.

Линк до оригиналната статија тука

Други портали кои ја објавија веста: markukule.mk

Линк до архивираната оригинална статија тука

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Текстот уште во насловот ја спинува веста за резултатите од средбата меѓу лидерите на власта и опозицијата, укажувајќи дека од средбата има исход, иако тоа воопшто не е точно.

Самиот текст не кореспондира со насловот, бидејќи таму е изнесено дека има исчекор по однос на одредени барања од опозицијата, но дека до конечниот договор има уште многу работа. Во однос на СЈО, пишува во текстот, било заклучено дека истото нема да продолжи да функционира во досегашната форма, што всушност не е нова вест, со оглед на тоа што Владата веќе поднесе предлог-закон со кој СЈО ќе стане дел од Јавното обвинителство, но со посебни надлежности и свој буџет. Повеќе детали, во однос на СЈО, како и за меѓупартиските преговори, можете да прочитате тука.

Од ова, авторот на самиот текст извадил наслов со кој ја спинува и реалноста и самиот текст.

Владата реагираше брзо со демант, со што го спречи ширењето на овој спин. Преку својот Твитер профил, објави дека СЈО не заминува во историјата и дека не е точно дека СЈО ќе престане да функционира. Нема договор ни за тоа дека опозицијата ќе предлага јавен обвинител.

Нетпрес го објави демантот на Владата, но во продолжение на текстот уште еднаш посочи дека претходната објава дека СЈО нема да продолжи да функционира била од партиски извори. Ова пак ниту е воопшто предмет на демант на Владата, ниту е спорно, како што е објаснето претходно.

Спорен е насловот која ја спинува и менува целата суштина на веста.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap