Известување за прифатена апликација никако не значи пресуда

Tags: fake newsSJO
By април 12, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION

Дезинформација бр:

#16

Дата:

12.04.2019

Извор:

lider.com.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов на статијата: Стразбур пресуди против СЈО и ОЈО за случајот за Панчевски

Поранешниот претседател на Основниот суд 1 Скопје, судијата Владимир Панчевски, на својот Фејсбук профил објави во јавноста информација дека судот во Стразбур му ја уважил тужбата против Основното јавно обвинителство (ОЈО). Во ФБ статусот исто така наведува и дека ова е втора негова тужба против Северна Македонија. Првата негова тужба е против Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Порталот пренесува лажна вест, поистоветувајќи го прифаќањето на апликацијата за понатамошно разгледување со пресуда.

Линк до оригиналната статија тука

Други портали кои ја објавија веста: нема

Линк до архивираната оригинална статија тука

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Насловот на текстот е лажна вест. Фактот што жалбата/апликацијата е земена во постапка, не значи и дека истата е основана. Известувањето од судот дека жалбата ќе се разгледува во понатамошна фаза во ниту еден случај не значи дека е донесена пресуда.

Вообичаеното време за процесирање на апликација во судот трае повеќе од една година, а праксата покажува дека понекогаш тоа може да трае и повеќе, до 2-3 години.

Дополнителни информации за работата и надлежностите, како и процедурите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, можете да прочитате тука.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap