Вакцинацијата и здравјето на децата не треба да бидат злоупотребени за ширење лажни вести

Tags: fake newsresignation of ministervaccination
By април 13, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION

Дезинформација бр:

#17

Дата:

13.04.2019

Извор:

magazin.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов на статијата: ЕПИДЕМИЈА ОД МОРБИЛИ, ФИЛИПЧЕ МУ ПОНУДИЛ ОСТАВКА НА ЗАЕВ, ЗАРАДИ ГОЛЕМИОТ БРОЈ НА ЖРТВИ

На 13-ти април се појави лажна вест во која се вели дека министерот за здравство, Венко Филипче, му ја понудил својата оставка на премиерот Заев. „После вчерашната трагедија на штипјанката која го загуби своето неродено бебе во шестиот месец од бременоста, како последица на епидемијата од морбили, министерот Филипче разговарал со премиерот Заев и му понудил оставка од морални причини.“

Линк до оригиналната статија тука

Други портали кои ја објавија веста: kurir.mk (веста првично е објавена, па избришана), republika.mknetpress.com.mk

Линк до архивираната оригинална статија тука

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Веста за понудената оставка на Филипче е класична лажна вест. „Веста“ се става во контекст на починат пациент, што има за цел да предизвика продолжен ефект – поттикнување емоции кај луѓето, забуна во јавноста за наводната оставка – секако во очекување на демант.

Истиот ден, „веста“ за оставката беше демантирана на ФБ профилот на министерот Венко Филипче. Но „веста“ предизвика понатамошни дебати дали тој требало или не требало да даде оставка.

Здравјето на децата е исклучително важно за секој родител. Оттаму, сите информации поврзани со епидемијата на мали сипаници и вакцинацијата се премногу важни и чувствителни за да бидат злоупотребени за поттикнување на недоверба во институциите.

Граѓаните имаат право и треба да бидат правилно информирани за вака значајни теми, без шпекулации, манипулации и лажни вести!

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap