Mинистерката Дескоска не користела службено возило за да оди на партиски митинг

Tags: fake newsresignation of ministerState Resources
By април 15, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION, Disinformation

Дезинформација бр:

#18

Дата:

14.04.2019

Извор:

infomax.mk

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов на статијата: ДЕСКОСКА ФАТЕНА „ЖИВА“: СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ОДИ НА МИТИНГ НА СДСМ

На 14-ти април се појави лажна вест во која се вели дека министерката за правда, Рената Дескоска, ги злоупотребува државните ресурси, односно користи службено возило на митингот на СДСМ во Скопје. Покрај тоа што беше пренесена на некои портали, веста беше искористена и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Повикувајќи се на шпекулацијата, партијата побара оставка од министерката.

Линк до оригиналната статија тука.

Други портали кои ја објавија веста: aktuelno24.com.mkrepublika.mka1on.mkvecer.mkmakfax.com.mk.

Линк до архивираната оригинална статија тука.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Веста за злоупотребата на државни ресурси е лажна вест. „Веста“ се  користи за партиска манипулација во ек на изборната кампања.

Дезинформацијата беше демантирана уште истиот ден со официјално соопштение од надлежното министерство. Во демантот е наведено дека службените возила на Владата се марка Фолксваген Пасат, а возилото во кое влегува министерката е приватно.

F2N2 направи проверка на регистарските таблички во официјалниот регистар на службени возила кој е објавен на интернет страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Резултатот од проверката е дека во оваа базa не постои возило со такви регистерски таблички.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap