Твит во прашална форма, алатка за манипулации во изборна кампања

Tags: fake news
By април 16, 2019 мај 10th, 2021 DISINFORMATION

Дезинформација бр:

#19

Дата:

14.04.2019

Извор:

twitter.com

Време на читање:

3 мин.

ОПИС НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Оригинален наслов на статијата: ПО ДЕБАТАТА НА СИТЕЛ, ПЕНДАРОВСКИ ЈА ПРОМАШИЛ КОЛАТА-ВЛЕГОЛ ВО АВТОМОБИЛОТ НА СИЛЈАНОВСКА

На 14-ти април кај одредени медиуми се појави дезинформација во која се наведува дека кандидатот за претседател од СДСМ, Пендаровски, нервозен и возбуден по жестоката дебата во емисијата „Детектор“ на ТВ Сител, го промашил своето возило. Имено, според нивните сознанија, наместо во автомобилот со кој дошол во телевизијата, Пендаровски влегол во автомобилот од кандидатот на опозицијата, Гордана Силјановска-Давкова. Сето ова потекнува од еден навидум сеирџиски твит во прашална форма.

Линк до оригиналниот tweet

Други портали кои ја објавија веста: Republika.mkmarkukule.mkmagazin.mklider.com.mk

Линк до архивираната оригинална статија тука

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

Социјалните медиуми често се користат како извор на “веродостојни“ информации со кои понатаму се шпекулира и се манипулира јавноста. Таков е и случајот кој е предмет на ова разобличување, каде од еден твит превземен од портал понатаму се прави вест од епски размери. Се разбира веста е лажна затоа што многу брзо беше демантирана од страна на самиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски. Спинувањето на твит во прашална форма е искористено за дискредитација на еден од кандидатите. Ова е пример како еден твит може да стане лажна веста со брзина на светлината.

Leave a Reply

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap