СТАПКАТА НА ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВУРУСОТ ВО ГЕРМАНИЈА СКОКНА НА 2,88

Tags: COVID-19Germany
By јуни 22, 2020 Corona, Other

ФРАНКФУРТ (Ројтерс) – Стапката на репродукција на коронавирус во Германија се искачи на 2,88 во неделата 21.06.2020, што е раст од 1,79 соопштуваат од Институтот за јавно здравје „Роберт Кох“ (РКИ). Ова значи дека ширењето е над нивото кое може да се контролира во подолг временски период.

Стапката на репродукција, или „Р“, од 2,88 значи дека од 100 луѓе кои се заразиле со вирусот, уште 288 други луѓе  ќе се заразат. За да се спречи ширење на вирусот, потребна е стапка помала од еден.

Бројот кој бележи нагло зголемување од 1,06 од петокот 19.06.2020, се заснова на просечните 4-дневни податоци од РКИ, а ги рефлектираат стапките на инфекција пред една до две недели.

 

РКИ соопшти дека е забележана појава на епидемии во старечки домови и болници, институции за баратели на азил и бегалци, во погони за преработка на месо и логистички компании, меѓу сезонски работници за жетва, но и поради верски настани и семејни собири.

 

Неделниот просек покажува дека стапката на репродукција се искачила на 2,03 според статистиката на РКИ од неделата 21.06.2020.

Збирно, пријавени се 189.822 лабораториски потврдени случаи на КОВИД-19 и 8.882 смртни случаи како резултат на КОВИД-19, соопштуваат од РКИ.

 

Извор: Reuters

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap