СЗО: ПАЦИЕНТИ КОИ ПРЕЛЕЖАЛЕ КОРОНАВИРУС ПОВТОРНО СО ПОЗИТИВЕН ТЕСТ

Tags: COVID-19PandemiaSouth KoreaWHO
By април 13, 2020 април 17th, 2020 Corona, Other, Retrieved

Светската Здравствена Организација (СЗО) во саботата (11.04.2020) објави дека добила извештаи за пациенти заболени од коронавирус кои добиле позитивен резултат на повторниот редовен тест откако клинички биле прогласени за здрави.

Јужно-Корејските власти во петокот (10.04.2020) известија дека 91 пациент кои ја победиле болеста при повторно тестирање имале позитивен резултат. Јонг Еун-Кејонг директорот на Центарот за контрола на болести и превенција на Јужна Кореа ги известил новинарите на брифинг дека можноста вирусот да се “реактивирал“ е поверојатна отколку овие пациенти повторно да биле инфицирани.

Ова би можело да претставува многу важно сознание на светско ниво, имајќи го предвид фактот дека во оваа фаза од глобалната борба против вирусот во тек се подготвки на среднорочни и долгорочни стратегии од страна на низа институции и организации, за справување со пандемијата.

Целата статија може да ја прочитате тука.

 

Извор: Ројтерс

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap