ДУРИ 64% ОД БРИТАНЦИТЕ ПОДДРЖУВААТ СПАСУВАЊЕ НА ЖИВОТИ НАСПРОТИ РАБОТНИ МЕСТА И ЕГЗИСТЕНЦИЈА

Tags: BMGCOVID-19Great Britain
By април 13, 2020 април 17th, 2020 Corona, Other, Retrieved

Британската јавност ги поддржува рестриктивните мерки и ќе прифати уште по ригорозни мерки на изолоцаија доколку експертите мислат дека тие мерки се неопходни да се победи коронавирусот. Резултатите од истражување на јавното мислење спроведено од страна на “BMG” за весникот The Independent, покажуваат дека гласачите во Велика Британија се подготвени да ги видат парковите затворени како и поригорозни мерки поврзани со патувањата на работниците до своите работни места во таканаречените несуштински односно бизниси кои не се неопходни. Истотака, би поддржале и продолжување на рестрикциите дури до почетокот на месец Јули.

 

Сепак, доколку мерките за седење дома и избегнување на социјални контакти траат “подлабоко во летото“ како на пример Август, дури 41% го дефинирале како неразумен додека за траењето на овие мерки до Септември како неразумно го посочиле 48% од испитаниците. Дури еден од осум испитаници (12%) изјавиле дека продолжението на мерката за стриктно социјално дистанцирање би требале да бидат активни до почетокот на 2021.

 

Севкупно, испитаниците ја поддржале Владата и нејзините мерки со високи 57% велејќи дека администрацијата на Борис Џонсон добро се справува со коронавирусот, наспроти 26% кои изјавиле дека администрацијата тоа го прави лошо.

 

Одлучувачки 64% изјавиле дека давањето на приоритет на спасувањето на човечки животи од страна на Владата по цена на скратувањето на работни места и егзистенција е позитивно наспроти само 19% кои како главен приорите на Владата го посочиле спасот на економијата и работните места.

Целосниот извештај можете да го прочитате тука.

 

Извор: The Independent

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap