ТВИТЕР – НЕ, 5Г МРЕЖАТА НЕ ПРЕДИЗВИКУВА КОРОНАВИРУС

Tags: 5GCOVID-19
By јуни 13, 2020 Other

Твитер започна со додавање етикети околу проверката на фактите кај твитови што погрешно ги поврзуваат новите супербрзи 5G мобилни мрежи со коронавирусот.

Наместо да брише или крие такви твитови, Твитер покажува порака која гласи „Добијте ги фактите за Ковид-19“. Кога ќе се кликне, корисниците се носат до страницата со наслов „Не 5G не предизвикува коронавирус“ што ја разобличува теоријата на заговор. Тоа е овозможено преку поврзување со веродостојни веб-страници за медиуми и други официјални извори.

Во изјавата испратена до CNBC, портпарол на Твитер изјавил: „Ние даваме приоритет на отстранувањето на содржината за КОВИД-19, кога се појавува повик за акција кој потенцијално може да предизвика штета. Како што веќе изјавивме претходно, нема да преземеме акција кон секој твит што содржи нецелосни или спорни информации за КОВИД-19 “.

Воведувањето на етикетата доаѓа по настојувањата на Твитер од мај, за проверка на дезинформациите повразани со коронавирусот.

Технички гиганти, вклучително и Твитер, Епл, Јутјуб, Спотифај и Фејсбук, се обвинети за олеснување во ширењето на лажните тврдења кои 5G мрежата ја поврзуваат со коронавирусот. Тие тоа го овозможуват преку можноста да се објавуваат  такви содржини на нивните платформи. Критичарите велат дека на овој начин, тие дадоа глас на теоретичарите на заговор како Дејвид Ике, кој успеа да ја пренесе својата порака до милиони луѓе преку Интернет. Тоа беше направено преку неговите објави и интервјуа. Спотифај отстрани содржина со интервјуто на Ике, по предупредувањата.  Оваа содржина пак, Епл ја остави на својата плаформа.

Лажни тврдења

Веста за најновото обележување на Твитер  се случи по настанот во кој десетици мобилни кули биле запалени во САД, додека телекомуникациските инженери биле малтретирани на улиците,  очигледно како резулат на лажните тврдења кои ја поврзуваат 5G технологијата со „Ковид-19“.

 

Извор: CNBC

Ова е архива на старата F2N2. Новата верзија е достапна на: f2n2.mk

Share via
Copy link
Powered by Social Snap